планиран за совршенство

Ekonomik

Неутрален, компактен, елегантен дизајн кој се прилагодува
во секоја околина во која престојувате или работите.
Не отстапува од ентериерот, туку со него хармонично заживува.

ERGO

REFLEX

SOFT

Обоена покраина помеѓу ѕидовите

Желбите се различни. Поради тоа специјално за вас внимателно избравме можности кои ви нудат вистински одговор. Неутрален спектар на бои, кои само ќе го дополнат вашиот амбиент – нема да ве ограничува.

Притиснете и светот ќе заживее

Рефлексни чувства

Сјајните полимерни материјали во бела и бисерно бела (беж) боја ви нудат рефлексни чуватва.

Метален слој

Избраниот декоративен и метален слој е модерен и неутрален.

Игра на бои

Ekonomik Color е вистинско решение за сите кои сакате да си играте со пастелните бои.

Робусност

Робусноста и високата отпорност од надворешните влијанија (UV) е обезбедена со дуропластичен материјал (Color).

Со допир си го продолжуваме денот

Ekonomik е решение за системот на стандардни кружни кутии. Со нив може да ги планирате едноставните или сложени инсталации во новоградбите и реновирањата – адаптации.

Поедноставен престој

Хоризонтално

Со можноста за составување ќе заштедите и простор на ѕидот. Кога имате малку простор хоризонталата е вистинско решение.

Вертикално

Комбинирајте како што самите ќе посакате.

Едноставно отстранување

Видните елементи едноставно се демонтираат. И мајсторите кои молерисуваат ќе ви бидат благодарни.

Благосостојба во безбедно засолниште

Со внимателно планирање се погриживме елементите, кои се под напон да бидат заштитени пред допир.

Основното прицврстување на механизмите со куки ќе може дополнително да го зацврстите со завртки. Овој начин е особено погоден за безбедно и сигурно прицврстување на приклучниците.

Целосна доверба во добрата конструкција

ОСВЕТЛУВАЊЕ

Добро осмислената конструкција на прекинувачите овозможува не само едноставно туку и дополнително осветлување.

КВАЛИТЕТ НА ПРЕКЛОПУВАЊЕ

Прекинувачите се тестирани според меѓународните стандарди, кои гарантираат безбедност и долг животен век. Безбедното преклопување се должи на контактите, кои се изработени од сребрена легура (AgNi).

КОНТАКТИ БЕЗ ЗАВРТКИ

Контактите без завртки овозможуваат брзо и сигурно приклучување на проводниците. На ист контакт може да приклучите два проводника со различни дијаметри.

СОСТАВУВАЊЕ НА ДОЗНИ

Можност вградните кутии да се составуваат ќе ви ја олесни работата. Вистинските растојанија ви се загарантирани.

ДОПОЛНИТЕЛНО ЗАЦВРСТУВАЊЕ

Основните механизми за зацврстување со куку можете дополнително да ги зацврстите со завртки.

ДЛАБОЧИНСКО ЗАЦВРСТУВАЊЕ

Куките овозможуваат длабочинско зацврстување (дури и преку керамички плочки и.т.н.).

ОЗНАЧУВАЊЕ

Сите прекинувачи имаат јасна идентификација на задната страна.

Производи Ekonomik

  • ПРЕКИНУВАЧИ
  • ПРИКЛУЧНИЦИ
  • ДЕКОРАТИВНИ РАМКИ

Неутрален, компактен, елегантен дизајн кој се адаптира во секоја околина во која престојувате или работите. Во ентериерот не отстапува туку со него хармонично заживува. Економик е решение за системот на стандардни округли дозни. Со нив може да ги планирате едноставните и сложени инсталации во новоградбите и при реновирањата – адаптации.

Системот го одбележуваат контакти без завртки, кои ќе ви го заштедат времето при вградувањето на елементите.

Продажна мрежа