Едноставно и лесно наполнете ги вашите уреди со моќните USB-полначи MODUL

Во денешниот наплив на мобилни телефони, паметни часовници, таблети, спортски камери, навигациски и други електронски уреди, нивното полнење веќе стана секојдневна рутина.

Брзо ни се натрупуваат различни адаптери, приклучоци, кабли и затоа ТЕМ нуди едноставно решение – моќни USB-полначи EM67 и EM68. Дизајнирани се како еден модуларен елемент и се вградуваат на ист начин како и обичниот приклучок Modul.

USB-полначите EM67 и EM68, поставени на вашите работни маси, во канцелариите или како самостоен „приклучок“ во домот или во јавните простории, обезбедуваат поголема удобност и сигурност при полнењето на вашите електронски уреди. 

И покрај малиот облик, двата USB-полнача се многу моќни и затоа едноставно и брзо ќе го наполните својот уред преку двојниот стандарден А-приклучок (EM67) или комбинираниот A- со новиот C-приклучок (EM68). 

Двата полнача EM67 и EM68 се опремени со два приклучока за полнење (со напон 2,4 A и 3,0 A). Така овозможуваат моќно полнење на два уреда во исто време. Во случај на полнење на еден уред се задржува номиналниот напон, а за два уреда се распределува излезниот напон.

USB-полначи со големина од 1M – различни можности за вградување и за комбинирање со елементи

Достапни се во големина од еден модул и затоа може едноставно да ги комбинирате со модуларните прекинувачи, приклучоци и со други функционални елементи MODUL. Ова ви овозможува да комбинирате повеќе функционалности на едно место и да создадете уникатни комбинации, приспособени на вашите желби и потреби.
Техничките упатства за поврзување и употреба на новите USB-полначи се достапни тука.

Широк спектар на боина USB-полначите

Со достапноста во пет бои се внимава и на естетскиот изглед и на приспособливоста на USB-полначите Modul на вашиот вкус, желби и на одреден ентериер.

Ова ви овозможува да изберете USB-полначи во вашата омилена боја:

  • бела,
  • драп,
  • сребрена,
  • црна
  • и антрацит.

USB-полначите може лесно да се вклопат во амбиентот на вашите деловни, јавни или приватни простории. Со избраните декоративни рамки Pure, Soft или Line ќе постигнете модерен изглед и на софистициран начин ќе ги збогатите вашите домашни или работни простории.


За повеќе информации за другиот дел од понудата на модуларни прекинувачи и приклучоци MODUL видете на  www.tem.mk.