Ви ја претставуваме новата генерација на биометричниот прекинувач за отклучување без клуч BIOPASS EM71 со напредна технологија за препознавање отпечатоци и брзо отворање на влезната врата.
Многу е лесен за употреба, само ставете го прстот на прекинувачот и ќе Ви се отвори вратата. Biopass е наменет како за домашни, така и за деловни корисници, за отворање на деловни и на складишни објекти, како и за ограничување на пристап до специјални простории и оддели.
Едноставно ракување со Biopass преку мобилна апликација. Можете да зачувувате до 500 отпечатоци од прсти, односно корисници, да воспоставите распоред и да ограничите пристап за поединци. Можете да ја видите и историјата на извршени влегувања.
Високо ниво на безбедност е обезбедено преку 256-битната енкрипција меѓу прекинувачот и внатрешната единица што е безбедно складирана во внатрешноста на зградата. Ова ниво на заштита е на исто безбедносно ниво со Вашата онлајн-банка.
Затоа што е дел од модуларниот систем MODUL, лесно е да се инсталира и да се комбинира со дизајн-линиите Line, Soft in Pure.
Повеќе информации за функционирањето на новиот Biopass EM71 и за апликацијата може да најдете тука.
Новиот BIOPASS EM71 е веќе достапен и може да се нарача кај нашите дистрибутери и овластени трговци.