Политика за заштита на приватноста и на личните податоци ГДПР[1] ТЕМ Чатеж д.o.o.

I ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА УПРАВУВАЧОТ

TEM Чатеж, д.o.o., Чатеж 13, 8212 Велика Лока, матичен број 5041775000 (во продолжение: друштво ТЕМ) е водечки словенечки производител на електрични прекинувачи и штекери. Повеќе од 40 години на своите корисници им нудиме едноставно приспособливи, технолошки иновативни и естетски завршени производи, кои го урамнотежуваат расположението во различни животни и деловни средини.

Нашите производи и услуги се претставени и достапни на веб-страниците www.tem.si, www.touch.si и на веб-страниците на другите домени во сопственост и/или управувани од друштвото ТЕМ.

Во ТЕМ сме свесни за важноста на заштитата на личните податоци, па затоа со нив постапуваме одговорно. Ја почитуваме легитимната, чесната и транспарентна обработка на лични податоци, во согласност со Општата регулатива за заштита на личните податоци (ЕУ) 2016/679 на Европскиот парламент и Советот од 27 април 2016 година за заштита на поединците при обработката на личните податоци и за слободниот проток на таквите податоци (во продолжение: ГДПР). Начинот на заштита на личните податоци и приватноста се уредени со Правилникот за заштита на личните податоци и политиката за заштита на приватноста и на личните податоци ГДПР. Со соодветни осигурителни мерки се грижиме неовластени лица да не пристапуваат до личните податоци, да ја зачуваме нивната приватност и целосност и да го спречиме нивното губење.

Контактни податоци за управувачот:

ТЕМ Чатеж, д.o.o.

Адреса: Чaтеж 13, 8212 Велика Лока

Телефон:+386 7 34 89 900

Факс: +386 7 34 89 999

Контактна е-пошта: gdpr@tem.si

II КОИ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ГИ ОБРАБОТУВАМЕ

Во друштвото ТЕМ ги обработуваме личните податоци на примателите на е-новости. Тоа се податоци што се однесуваат на поединецот и може, директно или индиректно, да го идентификуваат. Личните податоци (име, презиме, е-пошта, држава и компанија) ни ги посредувате при исполнувањето на формуларот за примање е-новости. Посредувањето на личните податоци е доброволно. Не сте должни да ни посредувате лични податоци, но во случај ако не го направите тоа, не може да примате е-новости.

Обработуваме и лични податоци за употребата на нашите  веб-страници (кликови на линкови, поминато време) и податоци во однос на реакцијата на нашите е-пораки (дали пораката била отворена, на кои линкови сте кликнале).

III ПРАВНИ ОСНОВИ ЗА СОБИРАЊЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Вашите лични податоци ги обработуваме:

– врз основа на согласноста што сте ја дале при пополнувањето на онлајн- формуларот за примање е-новости;

– врз основа на легитимен интерес за изведба и развој на дејствувањето во врска со податоците за употреба на нашите веб-страници.

 IV НАМЕНИ НА ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Вашите лични податоци ги обработуваме со цел праќање е-новости, во кои претставуваме новости, производи, услуги, понуди и настани, вклучително со известување или непосреден маркетинг. Во овие случаи обработката на лични податоци што ги посредува поединецот се врши во рамките на изјавата на поединецот, дозволениот обем на лични податоци, целта и договорените канали на известувања, па сѐ до прекинувањето од ваша страна.

Друштвото ТЕМ собира лични податоци при посетата на веб-страниците преку колачиња, со цел да се обезбеди подобра функционалност и корисничко искуство, сигурност, непречено функционирање на веб-страниците и броење на корисниците на страницата. ТЕМ користи два вида колачиња:

а) кои се од клучно значење и без нив одредена веб-страница во сопственост или управувана од друштвото ТЕМ не би дејствувала како што треба. Се поставуваат кога ќе направите каква било интеракција со веб-страницата.

б) со нив друштвото ТЕМ го анализира сообраќајот на одредена веб-страница за да го подобри корисничкото искуство. Поединецот ги прифаќа колачињата со кликање на копчето на веб-страницата или со продолжување на активното пребарување по приемот на известувањето за колачиња. Повеќе за употребата на колачиња може да прочитате на www.tem.si/piskotki.

V КОЛКУ ДОЛГО ГИ ОБРАБОТУВАМЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ И ШТО СЕ СЛУЧУВА СО НИВ ПОТОА

Друштвото ТЕМ ги обработува вашите лични податоци во опсег и во времетраење што е потребно за да се постигне целта. Личните податоци што ги обработуваме врз основа на ваша согласност, ги чуваме трајно или до повлекувањето на согласноста од ваша страна. Личните податоци што ги обработуваме врз основа на легитимен интерес, ги чуваме додека тој трае или додека не се исполни целта.

По истекот на горенаведените рокови ефикасно ги бришеме или ги анонимизираме личните податоци, а тоа значи дека ги обработуваме на таков начин што тие повеќе не може да бидат поврзани со вас или да ви се припишуваат.

VI ОБРАБОТУВАЧИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ И МОЖНО ПРЕНЕСУВАЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ВО ТРЕТИ ЗЕМЈИ

Личните податоци за корисниците на е-новости ги собираат и ги обработуваат лица вработени во ТЕМ.

Вашите лични податоци не ги извезуваме во трети земји (надвор од ЕУ и ЕЕА). Во случај вашите лични податоци да се пренесат во трети земји, ќе се погрижиме да обезбедиме и да реализираме соодветни мерки за обезбедување заштита на личните податоци и на основните права и слободи, во согласност со применливите национални и ЕУ-прописи.

VII ПРАВА НА ПОЕДИНЦИТЕ И ПОСТАПКА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВАТА

За своите лични податоци ги имате следниве права:

– од нас кога било да барате:

– потврда, дали ги обработуваме вашите лични податоци;

– пристап до личните податоци и до следниве информации: цели на обработка; видови лични податоци; корисници или категории корисници, на кои им биле или ќе им бидат разоткриени личните податоци, особено корисници во трети земји или меѓународни организации; планираниот период на чување на личните податоци или, ако тоа не е можно, критериумите што се користат за одредување на тој период; постоење на автоматизирано донесување одлуки, вклучително со обликувањето профили и причините за тоа, како и значењето и предвидените последици од таквата обработка за вас;

– една (бесплатна) копија  од личните податоци во електронска или во физичка форма (ако барањето е поднесено преку електронско средство за комуникација и, ако не барате поинаку, копијата се обезбедува во електронска форма); за барање дополнителни копии, може да наплатиме разумен надоместок, земајќи ги предвид трошоците;

– корекција на погрешни лични податоци;

– ограничување на обработката кога:

– ја оспорувате точноста на личните податоци, и тоа за период што ни овозможува да ја потврдиме точноста на  личните податоци;

– обработката е нелегална и се спротивставувате на бришењето на личните податоци и наместо тоа барате ограничување на нивната употреба;

– личните податоци не ни се потребни повеќе за целите на обработка, но вам ви се потребни за остварување на правата, за спроведување или за заштита на правните барања;

– бришење на сите лични податоци (право на заборав), ако се исполнети претпоставките од член 17 од ГДПР, а особено во случај кога ја повлекувате согласноста за обработка на личните податоци;

– приказ на личните податоци во структурирана, широко употребувана и машинско читлива форма, со право, овие податоци да ги посредувате на друг управувач, без ние да ве ограничуваме во тоа;

– престанување на употреба на личните податоци за целите на директен маркетинг, вклучително со обликувањето профили;

– дека за вас не важи одлуката што се темели само врз автоматизирана обработка, вклучително со обликувањето профили, ако се исполнети претпоставките од член 22 од ГДПР.

– право да поднесете жалба против нас кај информацискиот повереник, ако мислите дека обработката на вашите лични податоци го прекршува ГДПР.

VIII ПОСТАПКА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВАТА

Дадената согласност за обработка на личните податоци може во кое било време, трајно или привремено, целосно или делумно, да ја повлечете со писмено барање пратено на е-поштата gdpr@tem.si или со својата согласност може да управувате преку формуларот MailChimp. Повлекувањето на согласноста не влијае врз законитоста на обработката што била извршена врз основа на согласноста до нејзиното повлекување.

Вашите барања за остварување на правата во врска со личните податоци може да ги пратите во писмена форма на е-поштата: gdpr@tem.si или на адресата на друштвото ТЕМ Чатеж, д.o.o., Чатеж 13, 8212 Велика Лока, Словенија.

За потребите на сигурна идентификација во случај на остварување на правата во врска со личните податоци, може да побараме дополнителни информации од вас, а постапката може да ја одбиеме само во случај за да докажеме дека не може сигурно да ве идентификуваме.

На вашето барање со кое ги остварувате вашите права во врска со личните податоци мора да одговориме без непотребно одложување, а не подоцна од еден месец по приемот на вашето барање.

IX ПРАВНИ ИНФОРМАЦИИ

Одредбите од политиката ГДПР ги дополнуваат и не ги укинуваат одредбите од законодавството за заштита на личните податоци. Во случај на неконзистентност меѓу одредбите на политиката ГДПР и одредбите од законодавството за заштита на личните податоци, важечки се одредбите од законодавството. ТЕМ може во кое било време да ја промени оваа политика ГДПР. Промените може да ги најдете на веб-страницата www.tem.si.

Чатеж, 28.8.2018

[1] Општа регулатива за заштита на личните податоци – Регулатива (ЕУ) 2016/679