продажна мрежа

Електроелемент е компанија која со својата работа е специјализирана за трговија со електроматеријали, кабли, нисконапонска и високонапонска опрема,приклучна галантерија, помошен монтажен прибор, светлечки тела и сите видови извори на осветлување како и резервни делови за сите видови апарати за домаќинство.Своето успешно повеќедецениско постоење на македонскиот пазар го има потврдено со широката палета производи како и со многуте малопродажни и големопродажни објекти ширум Македонија.Електроелемент од 2010 година се појавува како ексклузивен дистрибутер на брендот HYUNDAI Elektronics,Lightning & Bateries за целиот Балкан. Електроелемент се јавува како ексклузивен дистрибутер за многу реномирани брендови во областа на металургијата,хемијата,водовод, греење,санитарија и керамика,приклучна галантерија,бела техника итн.

Меѓу најпознатите добавувачи на приклучна галантерија за кој со Електроелемент го врзуваат повеќегодишно стабилно партнерство, а за кој Електроелемент Скопје е ексклузивен дистрибутер е секако ТЕМ ЧАТЕЖ.

Целта на Електроелемент е да со својата инфраструктура и материјални ресурси во дејноста,како и со стручниот и добро екипиран кадар биде достапен ширум Македонија.

Со своите 9 големопродажни центри во Струмица,Прилеп,Охрид,Тетово,Штип,Битола,Куманово,Велес и Виница, како и четирите малопродажни објекти во Скопје, Електроелемент се стреми во секој момент и секаде да посвети внимание на потребите и на најспецифичните клиенти.Како еден од нашите стратешки партнери ТЕМ ја препознава потребата од навремената достава на информации, овозможувајќи ja обемната логистика на располагање на Електроелемент се со цел максимална достапност до крајниот купувач.