Политика за заштита на приватноста и на личните податоци ГДПР TEM Čatež, d. o. o.
Компанијата TEM е свесна колку е важна заштитата на личните податоци и со нив постапува одговорно. Ние почитуваме законска, правична и транспарентна обработка на личните податоци во согласност со важечките закони за заштита на податоците, Законот за заштита на личните податоци (ZVOP-2) и Регулативата (ЕУ) 2016/679 на Европскиот парламент и на Советот од 27 април 2016 година за заштита на физички лица во однос на обработката на личните податоци и за слободно движење на тие податоци, со која се отповикува Директивата 95/46/ЕЗ (во понатамошниот текст: „ОРЗП“). Начинот на заштита на личните податоци и на приватноста се регулира со интерните Правила за заштита на личните податоци и со оваа Политика за приватност и за заштита на личните податоци. Со примена на соодветни заштитни мерки, осигуруваме дека на личните податоци не можат да им пристапат неовластени лица, дека е заштитена доверливоста и интегритетот на податоците и дека се спречува загуба на податоците.