ПРЕКИНУВАЧИ

Modul

ПРЕКИНУВАЧИ

Logiq

ПРЕКИНУВАЧИ

Ekonomik

Mobile ApplicationMODUL MANAGER configurator of switches and sockets

NewTEM general catalogue 2023

Дизајн на прекинувачи

Дизајнот на линии Pure, Line, Soft и Edge се одраз на современиот, префинет и индивидуален животен стил.

Од широка и богата палета на бои, моделии форми вие може своите прекинувачи и приклучници било кога, едноставно да ги прилагодите на посакуваниот амбиент и расположение.

Modul Line

СОВРЕМЕН ДИЗАЈН

Чистите рамни линии создаваат безвремен дизајн. Иделаниот, рамно обликуван, тенок профил и ергономијата на мекиот допир даваат врвен изглед од сите страни.

Modul Soft

ТОПЛИНА ВО ДОМОТ

Совршеноста меките форми ја надградивме со суптилен избор на бои и посебни слоеви кои ги чувствувате на допир.

Modul Pure

ЧУВСТВО НА ПРИРОДА

Од чистите неизвалкани слики на новородениот свет, изникна приказната за PURE. Допирот на природните мотиви го преплетовме со префинет вкус за линии и дизајн кон кои ги сплотивме нитките на врвната технологија.

Modul Edge

РЕТРО ШИК

Нова престижна линија што нуди посебно сензорно и визуелно искуство како никогаш досега. Се осмелувате да ги пробате?

Класични прекинувачи

Облик што изгледа како да припаѓа во секоја просторија. Универзалните линии на прекинувачите оставаат свој белег во современите работни средини или во поубавите топли простори за живеење.

Прекинувачи

Семејството LOGIQ се одликува со логичен избор на докажани и елегантни нијанси на бои што ги претпочитуваат корисниците. Нема потреба да ги приспособувате вашите идеи, линијата LOGIQ се приспособува на вас. Логично.

Класични прекинувачи

Неутрален, компактен, елегантен дизајн, кој се прилагодува во секоја околина во која престојувате или работите.

Во ентериерот не се иѕдвојува, туку хармонично живее со него.

Прекинувачи

Чистата линија EKONOMIK е благо заоблена со промислена ергономија специјално за вас. Може да избирате меѓу сјајн рефлексивни површини и модерениот метален изглед.

Меките форми ќе најдат простор како во модерните, така и во класични ентериери.