Полнете ги вашите уреди лесно и удобно со моќните полначи MODUL USB A+C

Во денешниот наплив на мобилни телефони, паметни часовници, таблети, спортски камери, навигациски и други електронски уреди, нивното полнење веќе стана секојдневна рутина.

Брзо акумулираме разни адаптери, конектори, кабли, така што TEM ви нуди едноставно решение – моќни USB-полначи EM69. Дизајнирани се како еден модуларен елемент и се вградуваат на ист начин како и обичниот MODUL приклучок.

USB-полначите EM69, инсталирани на вашите бироа, во канцелариите или како независен „приклучок“ во станот или јавните простори, обезбедуваат поголема удобност и сигурност при полнењето на вашите електронски уреди. 

И покрај нивната мала големина, USB-полначите се многу моќни, така што лесно и брзо ќе ги полните вашите уреди преку комбинираните A- и C-порти. Неговата посебна карактеристика е најновата технологија за „испорака на енергија“, која значително го зголемува капацитетот за полнење, достигнувајќи до 20 W. 

Полначите EM69 се опремени со две порти за полнење (напојување). Така овозможуваат моќно полнење на два уреда во исто време. Во случај на полнење на еден уред се задржува номиналниот напон, а за два уреда се распределува излезниот напон. 

USB-полначите со 1M големина – различни можности за вградување и за комбинирање со елементи

Достапни се во големина од еден модул и затоа може едноставно да ги комбинирате со модуларните прекинувачи, приклучоци и со другите MODUL функционални елементи. На овој начин можете да комбинирате повеќе функционалности на едно место и да создадете уникатни комбинации прилагодени на вашите желби и потреби.

Техничките упатства за поврзување и користење на USB-полначите се достапни овде.

Широк избор на бои на USB-полначите

Со достапност во шест бои, се грижи и за естетскиот изглед и за прилагодливоста на MODUL USB-полначите на вашиот вкус, желби и на дадениот ентериер.

Тоа ви овозможува да изберете USB-полначи во вашата омилена боја:

  • бела,
  • мат бела,
  • беж,
  • сребрена,
  • црна,
  • и антрацит.

 USB-полначите може лесно да се интегрираат во амбиентот на вашиот деловен, јавен или приватен простор, а со вашиот избор на украсни рамки EDGE, PURE, SOFT или LINE, ќе постигнете модерен изглед и ќе ги збогатите вашите простории за живеење или работа на софистициран начин.

Повеќе информации за новиот EM69 се достапни во нашиот општ каталог..