Освежете ги просториите со новите прекинувачи и приклучоци во боја антрацит

Барате прекинувачи и приклучоци што ќе внесат свежина во вашиот дом, кои ќе бидат забележлив декоративен елемент во просторијата, но во исто време ќе зрачат со безвремена елеганција и префинетост?

Тогаш за вас го имаме модуларното семејство Modul во најновата боја антрацит.

Бојата антрацит ја задоволува софистицираната смисла за естетика и ги дополнува деталите по ваш вкус. Во хармонија со ентериерот може дополнително да го разубави вашиот модерен и трендовски простор.

Палетата на бои на модуларните елементи сега е уште побогата и поразновидна, исто така, достапни се и повеќе опции за комбинирање на основните модули во бела, драп, сребрена, црна и боја антрацит.

Антрацит за секој дневен или работен простор

Бојата антрацит е секогаш модерна и елегантна и затоа е соодветна за освежување на постојните простори за живеење или за работа, како и за вградување во модерни амбиенти и дизајнирани ентериери.
Антрацитните прекинувачи, приклучоци, декоративни рамки и други функционални елементи многу добро се совпаѓаат со рамните линии на Line, заоблените рабови на декоративните рамки Soft и природниот материјал на рамките Pure.

Сами проверете и погледнете ги современите прекинувачи и приклучоци TEM на www.tem.mk.