Modul EDGE

Новата престижна линија MODUL EDGE нуди посебно сензорно и визуелно искуство како никогаш досега. Се осмелувате да ги пробате?

Престижни материјали

Благодарение на импресивната обработка, алуминиумот сјае во нова светлина – метални декоративни рамки EDGE. Во три бои достојни за внимание: сребрена, златна, антрацит.

Чистотата на стаклото дозволува светлината да игра и да се манифестира во новите стаклени декоративни рамки EDGE. Контрастните бои црна и бела го задоволуваат и најпрефинетиот вкус.

Смелоста на пин-прекинувачите

„Пин-прекинувачите“ во четири различни бои формираат иновативно и уникатно искуство. Хармонијата на „пин-прекинувачите“ во четири есенции на бои со металните и стаклените рамки EDGE создава уникатен софистициран изглед.

Минимализам или ретро?

Со EDGE ќе можете да се приспособите и на модерниот минималистички дизајн и на богатиот ретро стил, а исто така ќе ги исполни и најсложените очекувања за новоградби и реновирања.

Наменет е за употреба со преклопни пин-прекинувачи, но во исто време овозможува и комбинирање со сите постојни модуларни елементи MODUL.

Модуларен дизајн

БОИ

Комбинирајте ги боите на пин-прекинувачите и рамките по желба и создадете уникатни комбинации што совршено ќе одговараат на вашата визија за естетско живеење.

МАТЕРИЈАЛИ

Мирната елеганција на стаклото или смелоста на металот? Се погриживме и двата модела да изгледаат врвно за да не направите погрешна одлука.

КОМБИНАЦИЈА

Модуларниот дизајн на прекинувачот ви овозможува слободно да ја менувате рамката, така што секогаш ќе можете да ги приспособите прекинувачите на посакуваниот стил и внатрешна опрема.

Бидете смели, пробајте го EDGE

Добре дојдовте во свет каде што носталгичниот шарм се спојува со безвремената софистицираност на модерниот минимализам.