BIOPASS – отклучување без клучеви

Нема повеќе пребарување по џебовите или во чантите по вашите клучеви.

Никогаш повеќе нема да ги изгубите. Секогаш со вас. Отклучување само со прст. Безбеден, удобен, брз и едноставен

Biopass е дел од новата генерација на прекинувачи за отклучување без клуч. Комбинира напредна технологија за препознавање отпечатоци и уште побрзо отворање на влезната врата.

Многу едноставен за употреба – отпечатоците од прсти се секогаш со вас

Само поставете го вашиот прст на прекинувачот Biopass и ќе се отвори вратата на вашиот дом или канцеларија. Толку лесно, но и безбедно.

Едноставно ракување преку мобилна апликација

Управувањето со Biopass е преку мобилната апликација што ви овозможува:

  • Управување со администратори, корисници и со отпечатоци од прсти,
  • поставување време, односно ограничување на пристап за одредени корисници,
  • историја на влезови на корисници,
  • управување со прекинувачот со повеќе различни мобилни уреди,
  • зачувување до 500 отпечатоци од прсти.

Комбинирање на прекинувачот Biopass со различни декоративни рамки MODUL

Biopass е целосно приспособен на модуларниот систем MODUL, така што може лесно да се вгради во внатрешно (вградено) прицврстување. Исто така, можете да изберете меѓу трите различни дизајни на декоративни рамки – Line, Soft и Pure.