3D-ламба за обележување на дневни и на работни простори

Брзото темпо на живот носи многу различни информации

Поради тоа, развивме двобојна ламба со 3D-симбол EM52RG, едноставно и елегантно решение за обележување, насочување и за комуницирање на разни информации во дневни, работни и во јавни простори. Графиката на ламбата се изработува по ваш вкус.
3D-ламбата е дел од системот Modul и затоа вградувањето е многу едноставно и може лесно да се комбинира со другите функционални елементи (на пример, со IR-прекинувач).

Практични примери за користење на 3D-ламбата:

Решение за обележување на собите во хотелите

Решение за информирање зафатеност на тоалетите во комбинација со IR-прекинувачот EM31

Технички информации за 3D-ламбата EM52RG:

ДВОБОЈНА LED 3D-ЛАМБА 250V~ 2×0,4W 2M

  • Двобојната LED-ламба (црвена/зелена) со 3D-симбол за сигнализација и обележување,
  • напон 230V~ 50Hz 2×0,4 W, 6500°K,
  • класа на заштита II,
  • во согласност со EN 60598-1,
  • можност за печатење различни графики по нарачка,
  • 90 машки симбол, 91 женски симбол, 99 симбол по нарачка.