Нова генерација на LED-затемнувачи (димери) од програмата MODUL

Нова генерација на затемнувачи (димери) – приспособете ја осветленоста на вашите простории по ваш вкус

Со новата генерација на затемнувачи MODUL (димери) можете многу едноставно да ја контролирате јачината на светлината во вашите дневни и работни простори. Затемнувачите се дизајнирани да ја контролираат осветленоста на затемнувачките LED-светилки од 0 до 60 W и од 0 до 180 W.
Затемнувачите MODUL (димерите) се достапни во пет бои и се дел од модуларниот систем Modul, што дополнително ги олеснува нивното вградување и употреба.

1М наизменичен LED-затемнувач (димер) ЕМ13

  • за затемнување на затемнувачките LED-светилки од 0 до 60 W (максимум 6 затемнувачки LED-светилки),
  • затемнување на светилки со жичено влакно, халогени светилки, класични и електронски трансформатори,
  • можност за поврзување со наизменичен потенциометар.

1М наизменичен LED-затемнувач (димер) ЕМ14

  • за затемнување на затемнувачките LED-светилки од 0 до 180 W (максимум 20 затемнувачки LED-светилки),
  • затемнување на светилките со жичено влакно, халогени светилки, класични и електронски трансформатори,
  • можност за поврзување со наизменичен потенциометар.

Техничките упатства за поврзување и употреба на новите затемнувачи се достапни тука.

Палета на бои на затемнувачите од програмата MODUL TEM

Новата генерација на затемнувачи (димери) MODUL TEM ви е достапна во пет основни бои што одлично можат да се усогласат со палетата на бои во вашиот простор за живеење.
Палетата на бои на затемнувачите (димерите) се состои од бела, црна, антрацит, сребрена и драп боја. Сигурни сме дека ќе ја пронајдете бојата што одговара на вашите желби и потреби.